ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

ПСЖ заврши уште една голема работа носејќи играч од средината за 40 милиони евра

Екипата на ПСЖ продолжува да го засилува својот тим за следната сезона. Новиот француски шампион ќе го донесе Витиња од Порто, за кого ќе плати отштета од 40 милиони евра.

Се наведува дека клубот од Париз во петокот ги договорил сите услови со Порто и дека понудата конечно била прифатена и најверојатно се ќе биде комплетирано до крајот на оваа недела кога и официјално треба да биде објавен трансферот.

Пари Сен-Жермен на португалскиот шампион ќе му уплати 40 милиони евра, што е втора голема зделка на овој тим во последните неколку дена. Потсетуваме, претходно Порто, исто така за 40 милиони евра, го продаде играчот од средниот ред Фабиу Виера на Арсенал и така за само неколку дена заработи 80 милиони евра.

Претходно ПСЖ обезбеди откуп на договорот на Нуну Мендеш од Спортинг, исто така за приближно 40 милиони евра, или поточно за 38 милиони.

Витур Машаду Ферејра, попознат по прекарот Витиња, се врати од Вулверхемптон во Порто на почетокот на минатата сезона бидејќи англискиот клуб не сакаше да плати 20 милиони евра за неговите услуги, а за Порто испадна и тоа како подобро бидејќи само една година подоцна го продадоа за 40 милиони евра.

Ова е и прв потпис на новиот клупски советник Луиш Кампуш кој дојде како главен спортски консултант, а се наведува дека овој играч бил еден од неговите приоритети.

URL

Минатата сезона 22-годишниот Витиња одигра вкупно 47 натпревари за Порто, постигна 4 гола и додаде 5 асистенции. Има и 3 настапи за репрезентацијата на Португалија за која дебитираше годинава.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе