Publicis Groupe станува лидер во индустријата за маркетинг и дигитални бизнис трансформации

Publicis Groupe објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

• Креирање на Publicis Spine со цел да се обезбеди заедничка трансформација на потрошувачите и претпријатијата

• Организира алатки за дигитална бизнис трансформација во различни индустрии

• Ги усогласува DigitasLBi со Publicis Media за беспрекорен пристап до дополнителни скалабилни податоци и медиа ресурси

 

17 октомври 2017 - ПАРИЗ - Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

Првата е создавањето на Publicis Spine, алатка која ги спојува сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење  и поврзување на  маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација. Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.

1. Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.

2. PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “крај-до-крај” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.

3. Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.

 

Publicis Groupe со оваа трансформација креира нова ера во маркетинг и дигиталниот бизнис, создавајќи уникатна и софистицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија.

"Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи", изјави Arthur Sadoun.

„Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд", изјави Steve King.

"Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите".

 

*Промотивен текст

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе