Publicis One Македонија воведува Programmatic медиа закуп за своите клиенти

Publicis One Македонија потпиша стратешки договор со Google за користење на платформите за програматски (programmatic) дигитален медиа закуп за своите клиенти.

Станува збор за ефикасна платформа за дигитален медиа закуп наменета за брендови кои се обраќaат до поширока публика, како и за брендови (производи и услуги) наменети за тесно таргетирани групи на луѓе. Со programmatic не се закупува рекламен простор како во традиционалниот маркетинг, туку се закупува публика која покажува интерес кон одреден производ или услуга“.

“Среќни сме што го носиме моментално најдоброто глобално технолошко решение за програматски (programmatic) медиа закуп на интернет во Македонија. Ќе им овозможиме на нашите клиенти да ги уживаат придобивките од programmatic, со тоа што најефективно и најефикасно нивните пораки ќе стигнат до вистинската публика, во вистинско време и на вистинско место.“ – изјави Ненад Ристовски, раководител за дигитални медиуми во Publicis One Македонија.

„Партнерството на Publicis групацијата со Google долгорочно ќе ни овозможи пристап до широка палета на стратешки алатки и платформи, кои ќе обезбедат уникатна дополнителна вредност за нашите клиенти и ќе го олеснат патот кон дигитална трансформација на нивните бaзни модели.“ – додава Ристовски. “Бенефитите ќе може да ги користат сите наши клиенти без разлика дали располагаат со помал или поголем рекламен буџет.

„Публицис Медиа, со своите искусни тимови во двете медиумски агенции Zenith и Starcom и партнерствата обезбедени од нашата глобалнa мрежа на своите клиенти им обезбедува едиnствен квалитет во медиумскиот сервис, и со ова уште еднаш ја потврдува својата лидерска улога на дигиталниот пазар во Македонија, континуирано развивајќи и имплементирајќи иновативни решенија за клиентите„ – изјави Александра Дилевска Извршен директор на Publicis One Македонија.

Според истражувањата, се очекува programmatic оваа година да стане доминантен метод на интернет закуп глобално, со учество од 51% од вкупниот глобален интернет закуп. Во 2016 година глобално преку programmatic платформите се инвестирани вкупно 39 милијарди долари. Предвидувањата се дека програматскиот закуп ќе расте со стапка од 28% годишно, па во 2018 вредноста на овој тип на закуп ќе изнесува 64 милијарди долари.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе