Публицис Скопје организираше спектакуларна забава за 100-тиот роденден на Скопско, нешто невидено досега

Позитивните впечатоци од настанот на Скопско, по повод јубилејниот 100-ти роденден не стивнуваат. Дури и една недела по настанот се споделуваат видеа, фотографии, еуфорично коментирајќи дека Скопје доживеа неверојатна вечер, спектакл невиден досега во нашиот главен град. Над 50.000 луѓе од различни генерации уживаа во повеќе од 6 часовна музичка програма, збогатена со фантастични визуелни ефекти.

Ретко кој настан успеал да собере публика во толкав број, а организаторот ги заслужува сите пофалби за спектаклот кој го приреди. Покрај огнените пламени на сцената, разните светлечки ефекти, топките, алките што светат синхронизирано со музиката, шоуто со дронови се издвои како нешто невидено кај нас. Градскиот парк во Скопје, буквално беше премал да ги собере сите обожаватели на добрата музика и омиленото пиво Скопско.

Remote video URL

Просторот околу Градскиот парк сјаеше во духот и боите на Скопско: мапирани визуелни проекции можеа да се видат на објектот MCM, пред споменикот на Гоце Делчев во самиот парк, но и кај шанковите кај што се купуваше точено пиво. Осветлена беше и големата фонтана и со тоа самиот влез на паркот изгледаше спектакуларно. Во централниот дел на прославата беше поставена специјална инсталација од 600 буриња кои го формираа бројот 100, како и голема коцка (5х5 м) на која се проектираше историјата на Скопско, исто така преку 3D мапинг. Роденденот на Скопско беше целосно и апсолутно незаборавно искуство кое долго ќе се памети.

Активностите околу големиот јубилеј на Скопско ги водеше агенцијата Публицис Скопје, која се погрижи целото лето да помине во знакот на омиленото пиво на Македонците. За „загревање“ беше организирана патувачка гајба што помина 7 различни градови и ја донесе забавата поблиску до сите граѓани, за да ги потсети дека Скопско е секаде каде што се тие. Патувачката гајба всушност беше патувачки интерактивен музеј, во кој посетителите можеа да дознаат повеќе за процесот како се произведува Скопско, за неговите карактеристики, за неговата традиција...

Богатата музичка програма беше надополнета и со уникатно визуелно шоу составено од светлосни ефекти кои се протегаа од големата сцена сѐ до главната фонтана во паркот. Во еден момент, сечиј поглед беше вперен нагоре кон небото, каде што 100 дронови направија ретко видено визуелно шоу, обликувајќи кригла и шише со Скопско, за на крајот да го испишат и името на најпознатото македонско пиво на небото над Градскиот парк.

Публицис Скопје успеа да раскаже целосна и богата приказна за Скопско, со која помогна да се направи една магична вечер полна емоција, која го заокружи не само роденденот на Скопско, туку и целото лето полно со возбуди, награди, дружби и забавни активности. 

На здравје, Скопско!

реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Промо

Еден екосистем, многу моменти: Како уредите на преклоп и уредите за носење со вештачка интелигенција се прилагодуваат на реалниот живот

Read more

Fanta е дома: Одличен вкус на портокал веќе 35 години

Read more

„Телеком наградува“ - Секоја недела шанса за нов iPhone 17

Read more

Македонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди

Read more

Ново

  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Таксират #28: Нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

Читај повеќе

Земате витамин Д? Една форма може да го намали нивото на видот што му е најпотребен на телото

Читај повеќе

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Читај повеќе
  • filter

13 октомври 1792: Почнала изградбата на Белата куќа

Читај повеќе

Полицијата распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Читај повеќе

Утре променливо облачно и постудено

Читај повеќе