Публиката се враќа на овогодинешните MTV Music Video Awards

Годинешните MTV Video Music Awards ја враќаат традиционалната церемонија на доделување на наградите во живо, што ќе се одржи на 12 септември во арената „Барклејс Сентр“ во Њујорк, откако минатогодишното издание се одржа во форма на хибридна програма на повеќе локации со малку или без публика.

Изведувачите сè уште не се откриени, но според најавата, церемонијата која ќе се емитува во повеќе од 175 земји, „ќе ги претстави настапите на некои од најголемите музички ѕвезди и ќе го прослави враќањето на забавата во живо“.

Одбележувајќи ја 20-годишнината од терористичкиот напад на 11 септември, MTV соработува со организацијата на „11 септември“ за низа активности кои ќе се одржат во текот на неделата што ќе му ретходи на доделувањето. MTV ќе организира разни настани со членовите на заедницата „11 септември“, која постои уште од „Концертот за Њујорк“ од 2001 година, во чест на жртвите, нивните семејства, како и на повредените во нападот.

Деталите за изведувачите и водителите ќе бидат објавени блиску до датумот на одржување на настанот.

Минатогодишното доделување на наградите, чиј домаќин беше Кеке Палмер, се одржа на повеќе локации низ градот Њујорк, речиси без присуство на публика. Вкупно 6,4 милиони луѓе го гледале доделувањето преку малите екрани, а според објавеното, MTV собрал 41,1 милиони интеракции на социјалните мрежи.

На церемонијата во 2020 година настапија „BTS“, „The Black Eyed Peas“, ДаБејби, „The Weeknd“, Дожа Кет, Малума со бендот „CNCO“ и Ариана Гранде.

Лејди Гага однесе пет награди, вклучувајќи ја и првата награда Tricon, која се доделува како признание на уметникот кој постигнал најдобри резултати во три или повеќе дисциплини.

„BTS“, Тејлор Свифт, Дожа Кет, Меган Ти Сталион и „Blackpink“ исто така беа големи победници, а беа воведени две нови категории специфични за карантин: наградата за најдобро ново музичко видео снимено дома, која ја освоија Ариана Гранде и Џастин Бибер за „Stuck With U“, како и за најдобра изведба во карантин, освоена од групата „CNCO“.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе