При вооружен напад во геј клуб во Колорадо Спрингс, САД загинаа пет лица, а 18 се повредени, пренесе Reuters .

Портпаролката на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро, изјави дека напаѓачот е уапсен, но не кажа дали осомничениот е меѓу повредените.
Мотивот за синоќешното пукање сè уште е непознат.
Според CNN, 11 возила на брза помош пристигнале во клубот по повеќе повици за помош.
Клубот на социјалните мрежи изрази сочувство до жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на гостите за брзата реакција. Според соопштение објавено на Facebook, некои од гостите успеале да го совладаат напаѓачот.