Пулицерова награда што никој не би ја посакал

Новинари на локален американски весник ја добија Пулицеровата награда за текст за масакрот што се случи токму во нивната редакција.

Но, во просториите на Capital Gazette во Мериленд немаше прослава по повод добивањето на најпрестижната новинарска награда во САД.

Новинарите тивко се прегрнаа во знак на сеќавање и почит кон петте колеги кои беа убиени кога вооружен напаѓач влета во нивната редакција во јуни, 2018 година.

Пулицеровата награда ја добија и редакциите на New York Times и на Wall Street Journal за нивното истражувачко новинарство за американскиот претседател Доналд Трамп.

Новинарите на Capital Gazette ја добија специјалната Пулицерова награда за покривање настан и покажана храброст соочени со еден од најкрвавите напади на новинари во американската историја.

Одборот што ја доделува Пулицеровата награда доделува и грант од 100.000 долари за новинарите во весникот.

Вработените во Capital Gazette Џон Мекнамара, Венди Винтерс, Ребека Смит, Џералд Фишман и Роб Хијасен починаа во нападот лани во јуни.

Остатокот од редакцијата сепак наредниот ден објави број во кој го опиша масакрот.

За нападот е обвинет маж кој долго време имал проблем со политиката на весникот. Тој лани пред судот се изјасни за невин по обвинението.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе