Пушењето освен што му штети на здравјето, му штети и на љубовниот живот, пишува Cosmopolitan.

Истражувањето кое го спроведе апликацијата за запознавање Dua на примерок од 460.000 корисници, забележа интересни податоци кога е во прашање љубовниот живот на пушачите.
Имено, како што пишува Cosmopolitan, луѓето кои се означиле како „пушачи“ на споменатата апликација добиле 52,7 отсто помалку совпаѓања во однос на непушачите.
Исто така, жените кои се опишале себеси како непушачи добиле 63,6 отсто повеќе понуди за запознавање од жените кои пушат. Врз основа на дадените податоци, се чини дека жените пушачи имаат ограничен број понуди за запознавање во споредба со непушачите.
А кое „правило“ важи за мажите?
Се чини дека пушењето има помал ефект врз привлечноста на мажите, при што пушачите добиваат 48,4 отсто помалку понуди за состанок.