„Пуси рајот“ – единствената црна дамка на Мундијалот на Путин
Мундијалот во Русија помина речиси беспрекорно, без поголеми инциденти на трибините и улиците на градовите каде се одржуваа натпреварите. И потоа дојде финалето. Токму на финалниот натпревар меѓу Франција и Хрватска, кога рускиот претседател Владимир Путин одлучи да се појави на трибините, се случи единствениот инцидент на теренот што ќе остане како дамка во беспрекорната организација на Русите.
Три жени и еден маж од панк групата „Пуси рајот“, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на теренот на почетокот на второто полувреме додека претседателот Путин и останатите високи гости беа на стадионот „Лужники“.
Суд во Москва ги осуди по брза постапка на 15 дена притвор и четворицата немаат право да присуствуваат на спортски настани во наредните три години.