Свет

Путин до Асад: Русија ќе продолжи да ја поддржува сириската Влада

21. јули 2019 - 15:19 | МИА
Москва, 21 јули 2019 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе на својот сириски колега Башар ал Асад 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.

– Москва ќе продолжи да му помага на Дамаск во заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, истакна Путин.

Тој нагласи дека Русија и Сирија денес се сојузници во борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, изразувајќи верување дека со заеднички напори ќе ги поразат терористичките сили на сириска територија.

– Сакам да потврдам дека Русија ќе продолжи да ги поддржува сириската Влада и народ во нивните настојувања да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, да гарантираат безбедност и повоено обновување, потенцира рускиот претседател.

Путин додаде дека унапредувањето на руско-сириските врски е заеднички интерес и тој ќе помогне за обезбедување регионален и глобален мир и стабилност. 

Коментирај