Путин до мајките на загинатите руски војници: Не жалам што ја почнав војната

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги прими мајките и сопругите на руските војници кои се борат во Украина за прв пат од почетокот на руската инвазија.

Средбата се случила по бројни барања на семејствата на руските војници, кои се пожалиле на недостиг на основна опрема и ужасни услови. Во неколку наврати мајките на руските војници упаднаа во канцелариите за мобилизација на руската армија.

Видеото од средбата го пренесоа руските медиуми. На почетокот на средбата Путин рече дека „лично ја споделува болката на мајките кои ги загубија своите синови“, но набргу потоа почна да зборува за „лажни вести“ за војната во Украина, велејќи: „Интернетот е пат на измами и лаги, не може да верувате во ништо“.

Путин им рекол на мајките дека телефонски разговарал со војниците на фронтот: „Разговарав со нив и ме изненадија со нивното расположение, нивниот став. Не очекуваа дека ќе им се јавам. Овие разговори ми даваат причина да ги наречеме херои. Тоа е вистината“.

Тој, исто така, тврди дека целото руско раководство, во кое е вклучен и тој, „ја дели болката на мајките“.

„Ние разбираме дека ништо не може да го замени изгубениот син, изгубеното дете, а особено не за мајките, на кои сите им го должиме животот“.

„Ќе направиме сè за да не се чувствувате заборавено, сè што е во наша моќ за да имате рамо на кое ќе се потпрете“, рече Путин, додавајќи дека „не жали“ за одлуката да започне, како што вели Кремљ, „специјална воена операција во Украина и ја опиша војната како „пресвртен момент“ во кој Москва конечно застана против „западната хегемонија“.

Руската телевизија не ги објави изјавите на мајките на загинатите војници.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе