Свет

Путин до Саудиска Арабија: Нашите одбранбени системи ќе ве заштитеа

17. септември 2019 - 13:49 | Ф.З.

Рускиот претседател ѝ порача на Саудиска Арабија дека треба да си набави руски ракетен систем С-400 за небото да ѝ биде безбедно како она на Турција и Иран.

„Саудиска Арабија треба да донесе паметна одлука, како што направи Иран кога ги купи нашите С-300 и неодамна господинот Ердоган кој ги набави од Русија најмодерните С-400 системи за против-воздушна одбрана. Овие системи се способни да го одбранат било кој објект во Саудиска Арабија од било каков напад“, изјави Владимир Путин.

Повод за изјавата на Путин се нападите со дронови кои ги извршија јеменските Хути брз нафтените постројки во Саудиска Арабија.

Богатата Саудиска Арабија може и тоа како да си дозволи набавка на руско оружје, а Путин гледа одлична прилика за нова зделка која значително ќе го наполни рускиот буџет.

Коментирај