Путин доби поддршка од Елон Маск

Рускиот претседател Владимир Путин се приклучи во дискусијата за развој на вештачка интелигенција. Зборувајќи пред руски ученици на првиот ден од учебната година тој им кажа дека „иднината и припаѓа на вештачката интелигенција“, многу попозната под кратенката AI.

„Вештачката интелигенција е иднината, не само на Русија, туку на целото човештво. Развојот на оваа гранка нуди огромни можности, но исто така содржи и големи ризици кои е невозможно да се предвидат. Оној кој ќе стане лидер во оваа сфера ќе владее со светот“, рече Путин. Неговото обраќање на студентите беше емитувано на интернет и го проследија околу милион луѓе, поголемиот дел студенти и ученици од преку 16 000 школи.

„Почнува...“, напиша Елон Маск на неговиот Twitter профил, притоа споделувајќи ја изјавата на Путин за вештачката интелигенција.

„Кина, Русија и сите останати држави со силна компјутерска наука наскоро ќе се приклучат во трката за напредок на вештачката интелигенција. Според мене, борбата за превласт во полето на AI ќе доведе до Трета светска војна“, се надоврза Елон Маск.

 

 

Елон Маск често зборува за тоа дека ги разбира ризиците од развојот на AI, па затоа тој и уште 116 лидери во развојот на технологијата минатиот месец потпишаа петиција со која бараа од Обединетите Нации да воведе нови регулации по прашање на користење на вештачката интелигенција во корист на националното наоружување.

Развојот на вештачката интелигенција во последните неколку години донесе големи грижи кога е во прашање националната безбедност. Кина и САД (а не Русија) се лидери на ова поле и неодамна кинеските власти изјавија дека нивниот план е значително да се одвојат од останатите држави и до 2030 година да станат светски лидер во сферата на оваа технологија.

Американските експерти тврдат дека САД во наредните неколку години ќе заостане во трката бидејќи актуелниот претседател Доналд Трамп планира да ги намали вложувањата во компјутерската технологија и научните истражувања.

Сепак, не мора да значи дека оној кој ќе избие на врвот веднаш ќе започне војна со останатите конкуренти. Путин го заврши своето излагање со тврдење дека „доколку Русија направи значителен напредок во полето на вештачката интелигенција, веднаш ќе го сподели знаењето со останатите држави“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе