Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Макфакс
/ 23.08.2024 / 14:41

Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам дека претседателот донесе одлука“, изјави Анатолиј Антонов, а јави руската државна новинска агенција ТАСС.

„Цврсто верувам дека сите ќе бидат строго казнети за она што се случи во Курската област“, рече Антонов, но не наведе дополнителни детали за плановите на Путин.

За потсетување, вчера во Кремљ беше одржан состанок на високи функционери поради украинската инвазија во Курската област, на која учествуваа Путин и гувернерите на пограничните региони. На средбата се разговараше за ненадејната инвазија на Украина во руската Курска област, која трае повеќе од две недели.

Тоа е најголемиот упад на странска воена сила во Русија од Втората светска војна.

Рускиот амбасадор Антонов додаде дека САД планираат да ги отстранат сите ограничувања за употребата на оружјето доставено до Украина. „Актуелната управа се однесува како човек што ја подава едната рака, а со другата држи кама зад грбот“, рече Антонов.

„Тие во суштина го поставија теренот за одлука, едноставно да се отстранат сите постојни ограничувања во одреден момент, без многу размислување“, рече тој.

САД ѝ обезбедија на Украина воена помош во вредност од повеќе од 55 милијарди долари од 2022 година, но не му дозволија на Киев да користи оружје со долг дострел на руска територија, освен ако не се користи за одбранбени прекугранични операции или одмазднички оган.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Свет

Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Read more

Клучниот човек на Путин: Украина е блиску до распад

Read more

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипса

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more
 

Вести

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Читај повеќе

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Читај повеќе

СДСМ е против промена на државниот грб

Читај повеќе

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Читај повеќе

Македонски концепт со цврста поддршка за усвојување нов македонски грб

Читај повеќе

Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Читај повеќе

Клучниот човек на Путин: Украина е блиску до распад

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча: Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија

Читај повеќе

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипса

Читај повеќе