Путин: Државата не ја спонзорираше допинг програмата

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли шпекулациите дека спортистите од неговата земја користеле допинг спонзориран од државата.

Денешната изјава на Путин следи по барањето на Националните анти-допинг сојузи (NADOs) сите руски спортисти да добијат општа забрана за учество на сите натпреварувања се додека Русија не постави правилен анти-допинг систем.

„Никогаш не сме спонзорирале допинг програма и се надевам дека нема ни во иднина. Ние ќе се бориме против допингот“, изјави Путин.

Рускиот претседател признава дека постоел индивидуален допинг на руските спортисти во минатото и дека допинг системот во државата не бил на потребното ниво.

„Ќе поставиме нов систем кој ќе функционира“, порача Путин.

Непосредно пред одржувањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро мината година, Светската анти-допинг агенција (WADA) побара од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја суспендира Русија, но барањето беше одбиено, односно МОК им препорача на спортските организации сами да решаваат за казните.

Настап на Игрите во Бразил им беше забранет на руските атлетичари и параолимпијците, а подоцна неколкумина руски освојувачи на медали од разни натпреварувања беа суспендирани, а нивните резултати поништени.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе