Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија

Москва, 5 октомври 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија.

Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.

На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите со кои четирите украински региони се приклучуваат кон Русија.

Формалностите следеа по „референдумите“ организирани од Кремљ во четирите региони, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни.

Рускиот претседател го назначи Денис Пушилин за вршител на должноста шеф на Народната република Донецк, Леонид Пашечник за привремен шеф на Народната република Луганск, Евгениј Балицки за вршител на должноста гувернер на областа Запорожје и Владимир Саљд за привремен гувернер на регионот Херсон.

Вршителите на тие региони управуваат со териториите додека не се изберат шефовите на новите региони во согласност со руските закони на изборите следната година.

Законите, кои Путин ги потпиша денеска, конкретно ги дефинираат границите на новите конститутивни ентитети на Руската Федерација, според кои тие одговараат на оние што „постоеле на денот на нивното создавање и присоединување кон Русија“.

Тие прецизираат дека границите на новите субјекти со други земји ќе се сметаат за државни граници на Русија. Според законите, жителите на новите региони се сметаат за руски државјани од денот кога териториите биле прифатени во Русија на 30 септември.

Оние кои сакаат да се откажат од руското државјанство, сепак, имаат еден месец да аплицираат за тоа. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе