Путин: Луксузната палата не е моја, им го перат мозокот на Русите

Б.С.Б.
/ 25.01.2021 / 19:42

Владимир Путин, на денешниот состанок со претставници на студенти, изјави дека луксузната палата за која Алексеј Навални тврди дека му припаѓа на рускиот претседател, всушност не е негова.

Во текот на разговорот, Путин изјави дека шпекулациите кои кружат по објавеното видео служат за перење на мозокот на рускиот народ.

„Не сум го гледал видеото, едноставно немам време за тие работи. Но, ги прегледав исечоците кои ми ги донесоа моите помошници. Ништо од наведеното како моја сопственост не ми припаѓа мене, ниту на моето семејство“, вели Путин.

Во текот на состанокот, Путин ја искористи приликата на студентите да им објасни дека имот од каков бил вид мора да има одредена документација.

„Овие информации кружат на интернет повеќе од 10 години, а сега е искористена можноста за граѓаните на Русија да се насочат против претседателот. Имот од ваков вид мора да има соодветна документација и податоци за финансиски трансакции. Мора да постојат и докази во нотарски книги во електронски облик“, рече Путин и нагласи дека фотографиите во снимката се класичен пример на фотомонтажа.

Во видеоснимката во одредени делови се појавуваат и луѓе кои ги потврдуваат наводите дека тоа е палатата на Путин или се дел од истрага што Навални ја покрена против Путин.

„Познавам некои од луѓето кои се појавија во видеото, некои од нив се стари пријатели или поранешни колеги, далечни роднини и познаници. Меѓутоа, видов и луѓе кои воопшто не ги познавам, ниту претходно сум ги видел“, изјави Путин на состанокот.

Досега видеото од луксузната палата има над 88 милиони прегледи.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе