Кога не е во одело, Владимир Путин се појавува комплетно гол во јавноста и со гордост и позира на фотографите. Ниту еден друг политичар на светот веројатно нема во својата колекција толку разголени фотки како Путин, кој сака да се пофали дека обожава физички активности и се наоѓа во одлична форма.

Путин се појавува гол додека јава коњи, лови риби или едноставно додека се сонча, а таквите фотографии без проблеми се објавуваат на официјалните страници на Кремљ.
Рускиот претседател моментално е во официјална посета на Австрија, а еден австриски новинар му го постави прашањето токму за неговите разголени фотки.
„Рековте полуголи, а не голи, фала му на Бога. Сакам да се опуштам додека сум на одмор и не гледам причина зошто би се криел. Во моите разголени фотки не гледам ништо лошо“, вели рускиот лидер Владимир Путин.
