Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата Орешник

Макфакс
/ 23.11.2024 / 13:27

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем Орешник не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје и дека нема средства во светот кои би можеле да го пресретнат.

Тој најави масовно производство на ова оружје, нагласувајќи дека овој нов систем стана уште еден гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија.

„Во денешниот свет нема одговор за таков проектил, ниту средства за негово пресретнување. И уште еднаш ќе нагласам дека ќе продолжиме да го тестираме овој најнов систем“, рече Путин.

Тој на состанокот во Кремљ изјави дека ракетниот систем Орешник ќе биде пуштен во употреба со стратешките ракетни сили на Русија и дека е донесена одлука за масовно производство на овој систем.

„Со оглед на посебната сила на ова оружје, неговата моќ, тоа ќе биде ставено во служба на стратешките ракетни сили“, рече Путин.

Тој истакна и дека е донесена одлука за масовно производство на системот Орешник, пренесува РИА Новости.

Рускиот лидер истакна дека ракетниот систем Орешник кога масовно се користи против непријателски цели има значење на стратешко оружје и е создаден во согласност со најновите технички достигнувања.

„Орешник не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје. Безбедноста на Русија е обезбедена“, нагласи тој.

Врховниот командант на руските стратешки ракетни сили, Сергеј Каракајев, исто така предупреди дека Орешник има способност да погодува цели во Европа.

„Врз основа на поставените задачи и дострелот на ова оружје, тоа може да погоди цели низ Европа, што го разликува од другите видови прецизно оружје со долг дострел“, рече Каракајев.

Путин на состанокот во Кремљ им честитал на раководството на Министерството за одбрана и на конструкторите за успешното тестирање на ракетите Орешник.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Свет

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Read more

Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина наскоро ќе биде откриен, познати се првите детали

Read more

Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе