Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, одржа голема годишна конференција: „Резултати на годината со Владимир Путин“, на која четири часа одговараше на прашања на новинари и граѓани на Русија.
Освен сериозните прашања за ситуацијата во Русија и геополитичките потези што ги правеше, Путин одговори и на неколку приватни прашања.
Така, на прашањето дали има личен сон кој не е поврзан со државата, Путин одговори дека има, но дека ќе го задржи за себе.
На прашањето дали е среќна личност, Путин даде малку подолг одговор.
„Русите ми доверија голема одговорност“, нагласи Путин, „среќата да ѝ служам на татковината. Но таа среќа не може да биде целосна додека нашите момци не се вратат од фронтот. Сè додека нашите млади мажи, жени, млади момци не го создадат потребниот број семејства за Русија и не добијат деца Навистина сакам нашите научници, уметници и културни работници да ги остварат своите планови, дури тогаш веројатно ќе можам да кажам дека сум среќен“, одговори рускиот претседател.
Тој изјавил и дека странците го прозиваат од слабост, а секоја работа што треба да ја сработи, мора да ја работи со задоволство.
Тој откри и дека во неговата канцеларија нема портрети, туку дека во едната канцеларија виси икона, а во другата биста на Ломоносов.
„Тоа е сложено прашање. Русија не е само огромна територија, таа е историја, култура, нашите обичаи, но најважно е народот. Гледам во младите спортисти, научници и се радувам, како да се тоа успесите на членовите на моето семејство“, рече Путин на прашањето што е за него Русија.
Едно од прашањата се однесувало на можноста за забрана на пцовки и порнографски сајтови, а Путин при одговорот се пошегувал.
„Сите забрани имаат право да постојат, но секогаш треба да понудите поинтересна алтернатива. Поинтересна од порно сајтовите. Порно сајтовите се гледаат, според мене, насекаде низ светот! Тоа не е само наш проблем, тоа е проблемот на многу други земји“, рече Путин.