Свет

Путин: Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошуваат

13. јуни 2019 - 11:08 | МИА

Москва, 13 јуни 2019 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Москва и Вашингтон се сè полоши и полоши, потсетувајќи дека актуелната американска Администрација воведе десетици санкции кон Русија.

„Нашите односи се влошуваат“, предупреди Путин во интервју објавено денеска на телевизискиот канал Мир.

Путин ваквата оценка ја изнесе во пресрет на Самитот на Г-20 во Осака, предвиден за крајот од месецот, каде што е можна негова средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на руската држава изрази очекување дека за време на Самитот на земјите од Г-20, меѓу кои се и Русија и САД, би можеле да се постигнат договори, со кои би се отворил патот за економска соработка.

Коментирај