Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек

Гасоводот Турски тек работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.

– Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас до европскиот пазар, рече Путин.

Тој изрази очекување дека меморандумот за развој на трговијата и економските врски меѓу двете земји ќе бидат потпишани денеска.

Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган и за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.

Од своја страна, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка. – Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

– Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања, рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.

Според претходните најави, Путин и Ердоган прво имаа тет-а-тет средба во Сочи, а потоа ќе им се придружат и делегациите. Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба.

Кремљ претходно најави дека ќе се разговара за енергетиката и за проширување на трговските и економските врски. „Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка, вклучително и перспективите за натамошно проширување на трговските и економските врски и спроведувањето на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе