Путин постави услови на Киев за прекин на воените операции

Б.С.Б.
/ 24.02.2022 / 19:09

Москва е подготвена да преговара за условите на прекин на огнот со Киев, изјави секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков, рускиот претседател Владимир Путин изразил подготвеност да се вклучи во разговорите со својот украински колега, со акцент на добивање гаранции за неутрален статус и ветување дека нема да има оружје на својата територија.

Со ова би се постигнало демилитаризација на Украина и елиминирање на тоа што Русија го смета за закана за безбедност на државата и народот.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што може да го очекуваме од Украина за да ги решиме проблемите на така наречената „црвена линија“, тоа е неутрален статус и тоа е одбивање распоредување на оружје“, појасни Песков.

Тој додаде дека Путин ќе одреди време за преговорите, но даде гаранции дека Русија ќе се ангажира само ако водството на Украина е подготвено да разговара за тоа.

„Русија немаше друг начин“да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја.

„Тоа што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку“, рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија.

Путин рече дека создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста.

Тој рече дека Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем или да биде исклучена од него. Неговата инвазија на Украина ги шокира пазарите и ја изложи Русија на разорни санкции од Западот.

– Русија продолжува да учествува во светската економија, ние не се подготвуваме да и нанесеме штета, им рече Путин на претставниците на рускиот бизнис собрани во Кремљ. Ми се чини дека нашите партнери треба да го сфатат тоа и да не си поставуваат цел да не исфрлат од системот, рече тој.

Тој додаде дека Русија е „подготвена“ за воведување нови санкции против нејзината економија, повикувајќи ги претприемачите да бидат „солидарни“ со руската Влада.

реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Како да го прочистите воздухот во просториите во кои најчесто престојувате?

Read more

Карвахал по повредата се јави од Брза помош и ја потврди најлошата прогноза

Read more

5 најдобри пијалаци доколку сакате да имате рамен стомак

Read more

Свет

ФАО предупредува: Сѐ повеќе мали деца се дебели

Read more

Путин ги тргна талибанците од листата на терористи

Read more

Ким Џонг Ун се заканува со нуклеарно оружје во случај на провокација

Read more

Израел има нова цел: Десетици мртви и ранети во нападите на Бејрут

Read more
 

Вести

Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ

Читај повеќе

Пожарникари извлекле жена од срушена куќа во Велес

Читај повеќе

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Еден е повреден во пукање синоќа во Чаир

Читај повеќе

Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Трајковски најави казни: Маркетите се обидуваат да го заобиколат законот и да остварат профит

Читај повеќе

Премиера на комедијата Жени во црвено во Македонија

Читај повеќе