Путин пресече, но Ердоган го сака последниот збор: Испраќа војска во Нагорно-Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека и покрај декларацијата за крај на војната во Нагорно-Карабах, ерменските и азербејџанските сили ќе останат на своите позиции и дека на терен е испратена руска мировна мисија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара од парламентот дозвола за испраќање на армијата во Азербејџан. Турската армија треба да учествува во руско-турската мисија за набљудување на примирјето во Нагорно Карабах.

Во барање до собранието, Ердоган бара одобрување за испраќање војници за формирање на „центар за координација“ со Русија за следење на почитувањето на примирјето.

Војниците испратени од Турција, земја што го поддржува Азербејџан, „ќе учествуваат во активностите на координативниот центар што ќе биде формиран со Русија“ и „ќе обезбедат почитување на примирјето“, се вели во барањето.

Тоа овластување за распоредување, што треба да биде само формалност, ќе важи за период од една година, а бројот на распоредени војници ќе го одреди Ердоган.

Азербејџан и Ерменија минатата недела потпишаа договор под покровителство на Русија, со кој се стави крај на повеќенеделните конфликти во Нагорно-Карабах, кој припаѓа на Азербејџан, а има мнозинско ерменско население.

Со цел да се следи почитувањето на примирјето, Москва започна да ги распоредува своите „мировници“ во последните неколку дена.

Иако Турција не е спомената во договорот, Анкара веднаш објави дека нејзините трупи ќе учествуваат во центарот за координација.

Турски и руски официјални лица разговараа во петокот и саботата во Анкара за модалитетите на работењето на центарот, чиј датум на отворање и локацијата не се објавени.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе