Владимир Путин изјави дека руската вакцина против коронавирус Спутник V е сигурна исто колку и пушката калашников.
Оваа изјава на рускиот претседател следи откако здравствените власти во Русија ја одобрија вакцината Спутник лајт.
Спутник лајт официјално беше одобрена вчера и тестирањата покажаа дека обезбедува заштита од 79,4%. Oд оваа вакцина е потребна само една доза.
Спутник V е првата регистрирана вакцина против коронавирус, а руските власти ја одобрија уште во август минатата година.