Путин тврди дека рускиот гас од денеска ќе се купува во рубли, западните лидери не прифаќаат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека синоќа потпишал указ со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за рускиот гас во рубли од 1 април, во кој се наведува дека постоечките договори ќе бидат суспендирани доколку уплатите не бидат извршени.

– За да купат руски природен гас мора да отворат сметки во рубли во руски банки. Од утре од тие сметки ќе се плаќа за испорачаниот гас. Доколку таквите плаќања не се реализираат, ќе сметаме дека е неисполнување на обврските на купувачот, со сите последици кои произлегуваат од тоа, рече Путин.

Тој рече дека „никој ништо не ѝ продава бесплатно“ на Русија и оти Москва „нема да се занимава со добротворна работа“, односно дека „ќе бидат стопирани постоечките договори“ доколку купувачите не ги прифатат новите услови.

Указот потпишан од Путин предвидува купувачот на гас да има две сметки во руска банка, на една да уплати евра или долари и да ја овласти банката таа валута да ја претвори во рубли кои се префрлаат на друг начин. Гасот официјално се купува од таа друга сметка, во рубли.

Американски медиуми оценуваат дека Путин сепак им дозволил на „непријателските земји“, оние кои воведоа санкции кон Москва, да продолжат да плаќаат за рускиот гас во странска валута, преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубли.

Указот на Путин предизвика реакции кај западните лидери, кои инсистираат на тоа дека ќе продолжат да плаќаат за гас во евра или долари.

Набргу по објавувањето на указот, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека постоечките договори за купување на руски гас предвидуваат плаќање главно во евра, а понекогаш и во долари.

Тој изјави дека во вчерашниот телефонски разговор „јасно му ставил до знаење на Путин дека така ќе остане“.

– Внимателно ќе ги разгледаме неговите (на Путин) идеи за тоа како може да се направи тоа. Но, во секој случај, она што важи за компаниите е дека тие ќе можат да плаќаат во евра, изјави Шолц.

Италијанскиот премиер Драги претходно синоќа изјави дека добил гаранции од Путин дека Европа нема да мора да плаќа во рубли за рускиот гас, неопходен за греење и електрична енергија.

Драги рече дека Путин за време на синоќешниот 40-минутен телефонски разговор го уверил дека „постојните договори остануваат во сила“ и оти „европските компании ќе продолжат да плаќаат за гасот во долари и евра“.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека е неопходно да се почитуваат постоечките договори кои предвидуваат плаќање на гасот во евра или долари.

Европа задоволува третина од потребите за гас од Русија, што ја прави енергијата најмоќната алатка со која располага Путин, додека се обидува да возврати на острите западни санкции поради руската инвазија врз Украина.

Одлуката на Путин да бара плаќање во рубљи за рускиот гас ја зајакна руската валута, која падна на историски минимум по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе