Путин утре среде Москва ќе ја слави анексијата на освоените делови на Украина

Објавен е датумот кога Русија официјално ќе објави анексија на источните и југоисточните делови на Украина. Ова ќе се случи утре, 30 септември, потврдија од Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Песков најави дека Путин утре во 15 часот по московско време ќе ја потпише анексијата на окупираните делови на Украина.

Руската државна новинска агенција РИА Новости во Русија објави непосредно пред официјалното соопштение на Кремљ дека „пратениците на Државната дума добиле покана во Кремљ за настан на 30 септември на кој ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин“ и исто така наведе дека на церемонијата ќе започне во 15 часот.

Како што наведува BBC, ова потсетува на руската анексија на Крим во 2014 година, на која исто така и претходеше референдум и победничкиот говор на претседателот од бината.

Од 23 до 27 септември, Руската Федерација организираше референдуми за анексија на нејзината територија на привремено окупираните украински територии Херсон, Запорожје, Луганска и Донецка област.

Проруските власти соопштија дека на референдумот 99 отсто од гласачите гласале за припојување на овие области кон Русија.

ЕУ го осуди референдумот, наведувајќи дека нема да ги признае неговите резултати.

Да потсетиме, утрово на Црвениот плоштад во Москва беше поставена бина со големи екрани и огромни натписи на кои пишуваше дека Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје се делови од Русија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе