Путин во ОН повика на укинување на санкциите со цел да се зајакне светската економија

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ставањето крај на „нелегитимните санкции“ против земји како неговата може да ја зајакне светската економија погодена од коронавирусот и да отвори нови работни места.

Во говорот емитуван на почетокот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, кое годинава поради пандемијата се одржува виртуелно, тој ја истакна потребата од мултилатерална соработка против болеста што го погодува целиот свет.

Во говорот донекаде необичен за рускиот лидер, кој честопати зборува остро, Путин на состанокот по повод 75-годишнината од Обединетите нации рече дека земјите мора подобро да соработуваат во борбата против вирусите и другите глобални проблеми.

– Ослободувањето на светската трговија од бариери, забрани, ограничувања и нелегитимни санкции ќе биде голема помош за заживување на глобалниот раст и намалување на невработеноста, рече тој.

Путин со години инсистира на укинување на санкциите на САД и Европската Унија воведени против Москва затоа што во 2014 година го анектираше украински Крим и мешање во изборите во САД во 2016 година и други активности. Москва смета дека анексијата на Крим е легитимна и негира мешање во гласањето со кое Доналд Трамп стана претседател на САД.

Путин ги предупреди другите земји да не се „мешаат“ во внатрешните работи и рече дека „сајбер безбедноста исто така заслужува најсериозно разгледување во Обединетите нации“, не спомнувајќи ги руските „тролови“ и „хакери“ обвинети за манипулирање со американското јавно мислење во 2016 година.

Путин повика на единство и сите земји да ја потврдат својата посветеност кон Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, жалејќи се на „дефицит на хуманост и добрина“ меѓу државите среде пандемија.

Тој неколкупати го потенцираше придонесот на Советскиот Сојуз во победата над нацистите во Втората светска војна – конфликтот што ги роди Обединетите нации. И покрај повиците за длабока реформа на Обединетите нации, Путин рече дека петте постојани членки на Советот за безбедност треба да го задржат правото за вето и додаде дека нивните лидери се согласиле да се состанат кога тоа ќе го дозволи пандемијата.

– Во меѓусебно поврзан, меѓусебно зависен свет, во вителот на меѓународните настани, потребно е да се дејствува заедно и да се потпреме на принципите на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации, истакна рускиот лидер.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе