Путиновата партија победи на изборите за Думата, изненадија комунистите

И покрај претрпените загуби, руската владеачка партија Единствена Русија, постигна јасна победа на парламентарните избори во Русија.

По пребројувањето на сите гласачки ливчиња, партијата освои 49,8% од гласовите, соопшти денеска во Москва руската Централна изборна комисија.

Комунистите се втори со освоени 18,9% од гласовите, десните популисти на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) на ултра-националистот Владимир Жириновски освоија 7,5%, а партијата Правична Русија има 7,4%.

Новата руска партија Нови луѓе, исто така, го надмина цензусот од 5% и во својот прв обид успеа да влезе во парламентот со поддршка од 5,3% од гласовите.

Владеачката партија претрпе загуби во споредба со минатите избори од пред пет години. Во тоа време Единствена Русија освои 54,2% од гласовите. Комунистите остварија значителни придобивки откако пред пет годинии имаа само 13,35%, пренесува DPA.

Сите партии застапени во новата Државна Дума се сметаат за блиски до Кремљ.

ЦИК не ги прими кандидатурите на опозицијата, предводени од затворениот Алексеј Навални. Неговиот тим зборуваше за масовна изборна измама, а независните набљудувачи наведоа илјадници прекршувања на изборниот процес.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе