Минатата недела светскиот боксофис го освои новиот филм на Двејн Џонсон, „Rampage“, но веќе овој викенд повторно имаме смена на врвот, откако „A Quiet Place“ успеа да биде најгледаниот филм во викендот кој е зад нас.
Со заработка од 22 милиони долари, „A Quiet Place“ го освои првото место на светскиот боксофис во тивкиот викенд кој не донесе премногу изненадувања со оглед на понудата на киносалите.
Двата новитети кои ја доживеаја премиерата викендов, „I Feel Pretty“ и „Super Troopers 2“ успеаја да заработат доволно за да се најдат во Топ 5 филмовите со најголема заработка, но недоволно за да се приближат кон самиот врв.
Иако се прикажува од средината на февруари, „Black Panther“ и понатаму заработува солидно за да остане во елитната десетка на боксофисот. Овој викенд филмот заработи 4,6 милиони, што беше доволно за да се пласира едно место над новитетот „Traffik“.
Целосната листа на филмови со најголема заработка изгледа вака:
- A Quiet Place – 22 милиони долари
- Rampage – 21 милион
- I Feel Pretty – 16,2 милиони
- Super Troopers 2 – 14, 7 милиони
- Truth or Dare – 7,9 милиони
- Ready Player One – 7,5 милиони
- Blockers – 6,9 милиони
- Black Panther – 4,6 милиони
- Traffik – 3,8 милиони
- Isle of Dogs – 3,4 милиони