Р. Кели осуден за снимање и поседување детска порнографија

Федералната порота во Чикаго синоќа го прогласи ар-ен-би пејачот Р. Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија, затоа што се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка.

Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување. Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија.

Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Р. Кели, лажно именувана како Џејн. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни.

Во постапката имаше и двајца други обвинети – поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел МекДејвид. Тие беа ослободени од сите обвиненија.

Во завршните зборови, адвокатката на Р. Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на Џејн се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“.

Џејн се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Р. Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Р. Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна.

Р. Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе