Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега вели дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне сѐ што му донесе преселбата на „Итихад“ во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината.
Скот Карсон (38) трајно пристигна во Манчестер Сити во 2021 година за да биде трет голман на тимот, а пред тоа беше на позајмица на „Итихад“ две години. На таква позиција не играше многу и за полни три години на теренот мина само 107 минути.
За тоа време поранешниот англиски репрезентативец освои дури 11 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите минатата година. Лигата на шампионите ја освои и пред 19 години со Ливерпул, а вчера уште еднаш ја освои титулата англиски шампион откако Сити во последното коло не дозволи да биде престигнат од Арсенал.
Додека е трет голман на Манчестер Сити, за Карсон се вели дека ја има најдобрата работа на светот затоа што ги гледа натпреварите од најдобрата позиција, освојува трофеи од година во година и за тоа заработува вистинско богатство.
Платата на Карсон како трет голман на Манчестер Сити е 1,75 милиони евра секоја година, што е вистинско богатство, особено ако се погледне колку е „невработен“ на голот на тимот. За тоа време овој привремен голман има важна улога во соблекувалната, па менаџерот Пеп Гуардиола во неколку наврати потенцираше дека Карсон е најзаслужен за одличното расположение во тимот на тренинзите и натпреварите.
Токму поради оваа улога Пеп ја продолжи соработката со Карсон, а актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната. Допрва треба да игра во финалето на ФА купот против Манчестер Јунајтед и можеби да освои уште еден трофеј на „Итихад“. После тоа најверојатно ќе го напушти клубот и ќе ја заврши кариерата.
🏴 Scott Carson for Manchester City:
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 19, 2024
🏆 4x Premier League
🏆 1x Champions League
🏆 1x FA Cup
🏆 2x League Cup
🏆 1x Community Shield
🏆 1x Super Cup
🏆 1x Club World Cup
He's only played 107 minutes for City. 😂 pic.twitter.com/i0n0crU6g2
Сезонава Карсон не одигра ни минута во ниту едно натпреварување. Откако е кај „Граѓаните“ има само 2 одиграни натпревари и тоа еден во Премиер лигата на 14 мај 2021 кога загуби на гости со 4:3 од Њукасл, и еден во Лигата на шампионите кога на 9 март 2022 ги одигра последните 17 минути од домашниот дуел со лисабонски Спортинг, кој заврши 0:0.
Во текот на својата кариера, Карсон бранеше за бројни англиски тимови и гиганти како Ливерпул и Манчестер Сити, а најголема трага остави во Дерби Каунти и Вест Бромвич Албион, каде забележа повеќе од 100 настапи. Минатата година го повтори рекордот на Паоло Малдини освојувајќи два трофеа во Лигата на шампионите со најголема разлика меѓу нив, а тоа е 18 години.
Кариерата ја почна во Лидс Јунајтед, а беше дел и од Шефилд Веднсдеј, Чарлтон Атлетик, Астон Вила, Виган Атлетик, како и туирска БВурсаспор, единствениот клуб надвор од Англија за кој бранеше. Беше и репрезентативец на Англија и тоа со 29 натпревари за У21 репрезентацијата, а 4 за сениорската со која беше дел и од составот кој играше на Мундијалот 2006 во Германија.