Работата од дома ве „убива“? Вратете се во живот со овие добри навики

Пандемијата принуди многумина од нас да работат од дома, особено оние чија професија се потпира на работа со компјутер.

Со оглед на тоа дека ситуацијата нѐ фати неподготвени, голем дел од канцелариските работници едноставно само ги спакуваа компјутерите и се преселија во „домашната канцеларија“.

Но, не секој е технички подготвен да работи од дома, па бирото често е импровизирано, исто како и столицата. Голема е веројатноста дека лошата поставеност на телото да резултира со болки во главата, вратот, рамената, грбот и рацете, болки за кои досега не знаевте.

Седечката работа и онака со себе носи многу здравствени ризици, дури и кога имате најдобри ергономски дизајнирани услови за работа. Според најновите истражувања, секој од нас во просек поминува околу 7,7 часа дневно во седечка положба. Секојдневното седење има многубројни последици на телото, а неактивноста е четврта најчеста причина за предвремена смрт во светот.

Долготрајното седење може сериозно да влијае на здравјето, а според последните истражувања во Велика Британија, од ваквиот начин на однесување годишно умираат 70.000 луѓе, повеќе отколку од рак на белите дробови, пренесува Daily Mail.

Друго истражување спроведено во САД покажа дека дури ни редовната физичка активност вон работното време не ја надоместува штетата што ја предизвикува долготрајното седење без правење паузи и раздвижување.

Со оглед на тоа дека сѐ повеќе се зголемува бројот на седечки професии, а се чини и ќе работиме од дома уште долго време, реагирајте уште пред да ги забележите првите тегоби од долгото седење.

Правете чести паузи со станување, истегнување и раздвижување за време на работниот ден (на секои 30 до 60 минути), а во текот на денот направете една прошетка од најмалку 30 минути активно одење.

Седечката работа (и седечкиот начин на живот воопшто) го зголемуваат ризикот од прекумерна дебелина, дијабетес, кардиоваскуларни болести, рак на дебелото црево, како и предвремена смрт.

Ако веќе ги чувствувате болките предизвикани од работата пред компјутер, со овие три вежби ќе се вратите во живот:

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе