Работи кои ги измислиле старите Римјани, а и денес ги користиме

Многу од работите што ги користиме и денес потекнуваат од Стариот Рим, а ова се само некои за кои можеме да бидеме благодарни.

Кој од овие пронајдоци знаевте дека потекнува од Римјаните и што најмногу ве изненади?

Книги

Иако се пишувало и пред Рим, книгите какви што ги знаеме денес, оние со тврди корици, настанале токму во Римската Империја. Тие биле познати како codex, кој се однесувал токму на тврдите корици кои ја штитат содржината во нив. Иако ваквите книги биле пишувани уште во 1 век, тие релативно бавно влегле во поширока употреба и станале стандард дури во 4 век.

Станови

Концептот на домување потекнува од Стариот Рим, како последица на порастот на населението и големата урбанизација. Со текот на времето, тамошните архитекти почнале да градат сè повеќе згради во кои живееле различни семејства во различни станбени единици.

Весници

Секако, не се работи за весниците какви што ги знаеме денес, не изгледале ниту слично, за да не зборуваме за постоење на фотографии во нив. Меѓутоа, Римјаните постојано биле информирани за настаните во Империјата, а вестите обично биле врежани во камен и ставани на фреквентни места.

Секако, треба да се земе предвид и степенот на писменост, а повеќето граѓани не можеле да го читаат напишаното, но сепак било забележано дека првиот весник бил издаден во 59 година п.н.е. за време на владеењето на Цезар.

Пошта

Со оглед на големината на Империјата, која се простирала на три континенти, требало да се најде начин за ефективно комуницирање.

Преносот на државни и приватни писма и пораки била одговорност на курирската служба Cursus Publicus, основана од императорот Август, која функционирала како прва поштенска служба во светот.

Забни импланти

Сто години пред новата ера, римскиот писател Целзус направил водич за орална медицина, во кој опишал како треба да се лекува забоболката и како да се третира губењето на забите.

Откритието на археолозите од 1998 година зборува и за тоа како тие се занимавале со „стоматологија“ во Рим. Имено, тогаш во Франција пронашле останки од луѓе од 1 или 2 век кои имале железен имплант, обликуван точно по изгубениот заб. Доказ за квалитетот на забите на старите Римјани се најдени и на телата откриени во Помпеја.

Климатизација

Се разбира, тоа не билр клима уреди какви што ги знаеме денес, но Римјаните имале и генијален начин за разладување. Имено, познатите аквадукти не служеле само за снабдување со вода, туку и за ладење и загревање на домовите на богатите Римјани. Водата поминувала низ цевки во ѕидовите и подот на римските куќи и на тој начин ја регулирала температурата во домовите (или становите).

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе