Љубов и секс

Работи кои ќе ги откриете за партнерот кога ќе почнете да живеете заедно

12. октомври 2017 - 12:52 | Кајгана

Колку и да мислите дека доволно добро се познавате со партнерот и одамна сте заедно, некои работи испливуваат на површина дури кога ќе го почнете заедничкиот живот.

Дали се познавате доволно? Дали сте свесни за своите маани и предности? За сите ситни навики во спиењето, одржувањето на хигиената? Веројатно не. Овие работи ги дознаваме дури кога ќе го почнеме заедничкиот живот:

Хигиенските навики

Дали се тушира наутро или навечер? Дали туширањето трае минутка или половина час? Дали го средува нередот кој го остава зад себе или очекува друг да го направи тоа? Колку време поминува пред огледало? Ова се ситници, кои можеби ви делуваат дека не се важни, бидејќи вие двајца се сакате најмногу на светот, но кога ќе почнете да живеете заедно ситниците можат да прераснат во недоразбирања и проблеми.

Навиките поврзани со спиењето

Можеби имате сосема различен ритам, па на крајот ќе пропадне вашата романтична замисла како секоја вечер ќе си заспивате гушнати… Можеби тој се буди во зори, а вие сакате да спиете подолго? Можеби гласно диши, ’рчи, спие немирно? Можеби ќе „војувате” околу ќебето? Сето ова и уште многу други работи не можете да ги знаете додека не почнете да живеете заедно.

Што подразбира под „време за себе”

Секој од нас сака да помине време сам со себе и своите мисли. Но, можеби вашиот партнер има различно сфаќање за „време за себе”.

Како ги доживува домашните работи

Единствен начин за да утврдите колку личноста која ја сакате е вредна, педантна, колку е подготвена да „учествува” во секојдневните работи низ домот, е да живеете заедно. Доколку се сакате, двајцата ќе бидете подготвени на мали компромиси.

Што се малку нечисти садови или неиспеглана облека во однос на вашата љубов? Ситница, нели?

Коментирај