Работи кои мора да ги промените за побрз Windows 10

Некои поставки што се стандардно вклучени на Windows 10 може да се променат преку исклучување на реклами, досадни известувања и споделување ажурирања и со тоа да се забрза вашиот компјутер и да се подобри вашата приватност.

На крајот на октомври 2021 година Microsoft го официјализираше својот оперативен систем Windows 11, кој стана достапен за повеќето корисници кои сакаат да направат транзиција од Windows 10 и која ќе трае до средината на 2022 година. Ако сè уште чекате Windows да ве извести дека е време да преземете новиот OS, еве како тоа да го забрзате стариот.

Секако, нема потреба од брзање, бидејќи Microsoft најави дека поддршката за Windows 10 ќе функционира во 2025 година, што ви дава доволно време да размислите и да одлучите дали Windows 11 е вашиот нов оперативен систем или сепак ќе чекате.

За сите корисници на Windows 10, треба да се забележи дека некои стандардни активни поставки дозволуваат да се собираат информации за вас, да прикажуваат реклами и известувања и генерално може да го забават вашиот компјутер.

Ќе ви покажеме како да ги поминете овие поставки за неколку минути и да го исклучите она што не ви треба, така што вашиот Windows 10 ќе работи побрзо без да ве оптоварува со досадни известувања и реклами.

Исклучете го споделувањето ажурирања

Една од работите што ги донесе Windows 10 е оптимизиран систем за испорака на ажурирања, кој ви овозможува да преземате ажурирања од други Windows 10 компјутери, а не само од серверите на Microsoft. Иако ова е одлично за Microsoft и кога вие треба да преземате нови ажурирања, треба да ви биде јасно дека Microsoft направил сервер од вашиот компјутер, дозволувајќи им на другите корисници да се поврзат со вашиот компјутер и да ги преземат потребните податоци.

За среќа, оваа опција едноставно се исклучува, а стандардно е активна. Отворете го менито Start, кликнете на запчаникот лево за да отидете во Settings, изберете ја опцијата Update & Security, потоа Delivery Optimization од менито лево. Опцијата која го елиминира претворањето на вашиот компјутер во мини сервер на Microsoft за други корисници и непотребно преоптоварување на вашата интернет конекција е тука. Доволно е само да го поместите лизгачот под Allow downloads from other PC налево на Off.

Досадни известувања

Windows 10 Action Center е замислен како место за сите ваши основни известувања, но на корисниците им е попознат како „она мени десно кај часовникот што нема никаква цел и е полно со некои непотребни известувања“. За да контролирате кои известувања ќе ги добивате, треба повторно да отворите Settings, да отидете во System и потоа во делот Notifications & actions лево.

Во новиот прозорец можете слободно да ги исклучите работите како Get tips, tricks and suggestions when you use Windows или Show me the Windows welcome experience after updates and occasionally when I sign in to highlight what's new and suggested, како и поединечни поставки за секоја апликација посебно.

Реклами од Start менито

Microsoft форсира реклами во апликациите на Windows Store, па често ќе се случи во Start менито да видите апликации кои никогаш не сте ги преземале, а тоа се всушност реклами. Можете да ги исклучите со одење во Settings, избирање Personalization и во новиот прозорец Start лево. Опцијата што сакате да ја исклучите се нарекува Show suggestions occasionally in Start, за да исчезнат досадните реклами.

Надворешни реклами

Не се сомневајте дека Microsoft внимателно ги следи вашите поставки и онлајн однесување преку Windows 10. Секој корисник добива единствен идентификациски број, кој е поврзан со вашата сметка на Microsoft и кој се користи за насочено рекламирање. Microsoft исто така го споделува овој ID со надворешни огласувачи во продавницата на Windows, освен ако не ја исклучите следнава опција.

Треба да отидете во Settings, да изберете Privacy и во новиот (General) прозорец да ја исклучите првата опција: Let apps use advertising ID to make ads more interesting to you based on your app activity (Turning this off will reset your ID).

Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Софтвер

Apple ќе развие посебна апликација Passwords за iPhone и Mac

Read more

Spotify повторно ги зголемува цените во САД, истото се очекува и на западните пазари

Read more

Ако помине, новата функција е најлошото нешто што Instagram досега го смислил

Read more

Google овозможи едитирање на RCS пораките

Read more
 

Гик

Пеколно лето: Зошто е важно да го заштитите телефонот од прегревање?

Читај повеќе

Apple планира потенки iPhone, MacBook Pro и Apple Watch

Читај повеќе

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Читај повеќе

Voyager 1 се „разбуди“ и повторно испраќа податоци

Читај повеќе

Во Австралија откриени коски на летечки диносаурус со масивен јазик

Читај повеќе

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Читај повеќе

Нова студија открива: Дали видео игриците се добри или лоши за менталното здравје?

Читај повеќе

НАСА по грешка објави видео од Меѓународната вселенска станица и предизвика многу шпекулации

Читај повеќе
  • filter

Наследството на Централните Пангејски Планини: Како некогаш биле поврзани Европа, Америка и Африка?

Читај повеќе