Работи кои мора да ги промените за побрз Windows 10 (II дел)

Откако во првиот дел читавте за тоа како да го исклучите споделувањето ажурирања, да ги отстраните досадните известувања, да ги тргнете рекламите од Start менито, како и надворепните реклами, сега ви носиме уште 4 трикови за тоа како вашиот Windows 10 да го направите побрз.

Cortana ве претставува

Cortana е виртуелен личен асистент во оперативниот систем Windows 10, кој собира податоци за вас. Овие податоци најчесто се говорни и ракописни (ако користите пишување на екран), но и историја на пишување на тастатура... Сето ова можете да го исклучите и да ги избришете постоечките податоци за вас преку одење во Settings, потоа во Privacy, ќе изберете Inking & typing од менито лево и ќе ја исклучите единствената достапна опција.

Апликации кои работат во позадина

Во Windows 10 многу апликации се подигнуваат и работат во позадина, дури и ако ги немате отворени. Овие апликации можат да примаат информации, да испраќаат известувања, да преземаат и инсталираат ажурирања и на друг начин да трошат интернет и траење на батеријата без многу известувања. Ако користите лаптоп и врска што има ограничен број на сообраќај, нема да биде лошо да ја исклучите оваа функција.

Повторно треба да отидете во делот Privacy во Settings и да изберете Background apps од менито лево. Сега имате опција да ги исклучите апликациите во позадина или да поминете низ списокот со апликации и да исклучите поединечни апликации.

Синхронизација

Windows 10 обожува синхронизација. Сè, од системските поставки, теми, лозинки и историја на пребарување стандардно се синхронизираат со вашите најавени уреди. Се разбира, не сите сакаме нашата историја на пребарување на телефонот да се синхронизира со нашиот компјутер и обратно.

Еве како да го контролирате (и исклучите) синхронизирањето. Одете во Settings и изберете ја опцијата Accounts. Во новиот прозорец, изберете Sync your settings лево за да добиете прозорец каде што можете да ја исклучите целата или индивидуалната синхронизација.

Автоматски ажурирања

Windows 10 автоматски презема и инсталира ажурирања, а вие во основа не можете да ги исклучите, како што и не треба. Ажурираниот систем е безбеден систем, но ако сакате да го спречите вашиот компјутер автоматски да презема и инсталира ажурирања и тоа да го правите рачно, постои опција да ги паузирате на одредено време.

Одете во  Settings (а каде на друго место?), изберете Updates & Security. Во новиот прозорец изберете Advanced options, а потоа под Pause updates изберете го датумот до кој сакате да ги паузирате ажурирањата (не повеќе од 35 дена).

Сите овие поставки ќе ви овозможат да стекнете поголема контрола врз она што го прави вашиот оперативен систем. Намалете ги досадните известувања, исклучете ги рекламите и растоварете го системот на непотребно оптоварување со ресурси, за сè да работи побрзо и поефикасно.

Прочитај го првиот дел

Тагови
реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Софтвер

Facebook воведува анимации за профилни фотографии поддржани од Meta AI

Read more

Firefox наскоро ќе понуди начин за блокирање на сите свои генеративни AI функции

Read more

Google ги затвора дупките за бесплатна репродукција на YouTube во позадина

Read more

Google случајно откри како изгледа Android за PC

Read more
 

Гик

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе

YouTube повторно го тестира трпението на корисниците

Читај повеќе

Соларен панел кој работи дури и кога врне: Секоја капка произведува струја

Читај повеќе

Лоши вести за гејмерите: Sony ја менува стратегијата за PC

Читај повеќе