Свесно или несвено...

Работи кои не треба да ги правите во теретана

Не ги оставај патиките во соблекувална

Има потреба да објаснуваме на колку начини е погрешно ова? Смрдат. Пречат на поминување и пресоблекување. Не ги оставај под клупа, туку складирај си ги во твоето шкафче.

Не користете справа или клупа без да ставите пешкир на неа

Нечистите справи и клупи содржат вируси, бактерии и габи. Доколку имаш гребнатинка или рана и допреш таква површина, можеш да добиеш сериозна инфекција. Подобрите теретани имаат средства за дезинфекција, марамчиња и останати производи со кои можеш да ги дезинфицираш површините, а даваат и пешкири за вежбање кои треба да ги ставиш за време на вежбањето.

Не се туширај без влечки

Купи си евтини влечки и заштити ги стапалата од бактериите и нечистотијата под тушевите.

Немој да делиш несакани совети

Избегнувај да делиш совети во теретана. Можеби некој не сака да слуша критики и препораки, а можеби и му даваш погрешен совет. Единствена ситуација во која советот е корисен е кога некој очигледно прави нешто со што ќе си нанесе повреда.

По вежбањето, врати ги теговите на нивното место

Никој не е должен да собира тегови околу тебе. Ни другите вежбачи, ниту вработените. Не биди глуп цреп.

Не вежбај на „прометни” места

Местата како влезот и ходниците се резервирани за одење, а не за исчекор, скокање на јаже или други вежби. Подобро да вежбаш на друго место отколку да повредиш случаен минувач.

Користи ги машините правилно

Лат машината користи ја како лат машина и како ништо друго. Секоја справа си има своја намена.

Не поминувај премногу блиску до некој кој вежба

Освен што е опасно бидејќи може случајно да те повреди, веројатно ќе го деконцентрираш и нервираш.

Не им се пуштај на девојки

теретаните се одлично место за запознавање жени кои имаат слични интереси и одлична форма, но воедно се и најлошото место за додворување и преправање дека им даваш совет. Освојувањето сочувај го за после тренингот.

Не позајмувај опрема без да прашаш

Доколку видиш некој да стои покрај празна клупа, пред да почнеш да вежбаш на неа прашај го дали е слободна. Во тој случај, дури и да е зафатена, веројатно ќе побрза или ќе ти предложи да се менувате.

Не пишувај пораки додека одиш

Можеш да се повредиш себе, но и останатите додека одиш со поглед насочен во мобилниот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе