Работи за кои богатите не трошат пари, а сиромашните би зеле кредит

Постојат работи кои сами по себе говорат за тоа колку е некој богат. Обично тоа се работи како накит, скапи часовници, луксузни автомобили и слично. Некои сиромашни луѓе се подготвени со години да штедат пари или дури и да земат кредит за да си ги дозволат овие работи.

Меѓутоа, богатите луѓе ширум светот постепено престанаа на овој начин да го покажуваат социјалниот статус. Bright Side направи листа на работи кои некогаш биле симбол за богатство, а кои воопшто не се во тренд.

Ова се дел од нив:

Златен накит

Богаташките обично носат умерена количина на златен накит кога присуствуваат на некои важни настани. За они со нестабилна финансиска состојба купувањето на злато и понатаму се смета за инвестиција. Се верува дека со купување златен накит се создава фонд за црни денови.

Брендирана облека и обувки

Дури и многу богатите луѓе се рамнодушни кон брендираната облека и носат најобични фармерки и џемпери купени по најобични продавници. Во едно интервју Бил Гејтс кажа дека неговиот часовник чини десет долари покрај фактот дека може да го купи најскапиот часовник во светот. Наместо купување скапа облека богаташите повеќе сакаат да трошат пари на забава и на патувања.

Пластична хирургија

Порано пластичната хирургија беше особено популарна низ светот, сите сакаа да имаат совршено тело и беспрекорно лице. Богатите мажи дури се нудеа да ги платат трансформациите на нивните избранички, додека девојките воопшто немаа ништо против тоа. Но, денес сè повеќе богати луѓе се против пластичната хирургија и промовираат љубов кон сопственото тело.

Во меѓувреме, многу сиромашни девојки сè уште се подготвени да штедат за да имаат доволно пари за операции на усните и градите.

Голема куќа

Богатите луѓе преферираат да купат недвижност која ветува, и тоа за малку пари, со која ќе остварат профит кога ќе ѝ порасне цената. На пример, милијардерот Ворен Бафет сè уште живее во истата скромна куќа купена во 1958 година. Таа куќа го чинеше 30.000 долари, а денес вреди 650.000 долари.

Средната класа се води според друга логика, гради големи куќи ризикувајќи да не ја заврши изградбата дури ни кога децата ќе пораснат.

Луксузни автомобили

Денес богатите луѓе не купуваат нови марки автомобили ако нивниот автомобил е во добра состојба и ги задоволува нивните потреби. Дури и Марк Закерберг возеше Volkswagen  со рачен менувач. Тој вели дека не му е дојдено до тоа да изгледа богато. Од друга страна, сиромашните земаат кредити за да купат скап автомобил.

Скапо образование

Милионерите знаат дека бесплатното образование не се разликува многу од скапото, додека животен успех се достигнува со дисциплина, одлучност и упорност. Истовремено, средната класа верува дека ако оди на приватни факултети и добие диплома, в раце ја купува картата за успешен живот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе