Работилница за книжевен превод во Куманово

Во рамките на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“, во четврток, на 07.11.2019 година, во просториите на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи информативна сесија за конкурсот „Вавилон“, проследена со практични вежби за книжевно преведување.

Самиот конкурс е наменет за млади, сегашни и идни, преведувачи (заклучно на возраст од 26 години), но работилницата ќе биде корисна за сите што сакаат да запловат по водите на книжевниот превод, велат организаторите.

Овој конкурс се организира во заедничка соработка помеѓу Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ (МАТА) и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

За учество на конкурсот потребно е да доставите ваш превод на извадок од некое книжевно дело објавено во земјите членки на ЕУ во изминатите 3 години, а кое сè уште не е објавено во нашата земја. Преводот може да биде од кој било официјален јазик на ЕУ на кој било јазик што се говори во Македонија.

Повеќе информации за конкурсот може да прочитате ТУКА.

Работилницата ќе ја водат членките на МАТА и докажани книжевни преведувачки, Огнена Никуљски и Љубица Арсовска, во придружба на локални членови на МАТА од Куманово.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе