Бизнис

Работилница за новитетите во законите за храна

11. мај 2012 - 9:16 | Макфакс

АГТИС и Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), се организатори на работилницата со наслов „Инспекциски надзор од АХВ, законски новини, промени и надлежности", која ќе се одржи денес од 10 часот, во Клубот на новинари.

Станува збор за дел од проектот на АГТИС со наслов „Инспекторот ѕвони колку што сака".

Генералната цел на проектот е да даде придонес кон подобрување на дијалогот на деловниот сектор со инспекторатите, информирањето на деловниот сектор, а со тоа подобрување на деловната клима и посебно деловната клима за инвестирање во Македонија.

Работилницата има цел да придонесе за намалување на јавните и деловни влијанија врз традиционалните граѓански и деловни убедувања поврзани со надворешните контроли, како фактор на негативно влијание врз деловната и инвестициона клима.

На работилницата поканети се деловни луѓе, претставници на АХВ, стопанските комори и коморите на работодавачи

Генералната цел на проектот е подобрување на деловната и инвестициската клима во Република Макеоднија.

Стратегија на проектот опфаќа постигнување партнерски однос и доверба на стопанствениците и јавноста во работата на инспекторатите, прифаќање на дијалогот со стопанствениците, коморите и организациите на работодавачи од страна на инспекторатите, едукација за елиминирање на мистифицираните убедувања на стопанствениците, информирање на стопанството за законите, подзаконските акти, стандарди за работа, процедурите, постапките за надзор

Задачите на оваа работилницата се да ја претстави АХВ како нова, отворена, кооперативна, деловна институција на услуга на стопанствениците и во интерес на здравјето на населението, да пласира пораки за можност за отворена соработка со операторите за храна, со мотивирање да се говори отворено, без страв, да пласира човечки брендови (луѓе од доверба), кои ќе им помогнат на операторите, да ги претстави минималните технички услови за работа, каде тие можат да се најдат, како АХВ може да им помогне притоа, како и да се испратат пораки за расклинкување на штетни предубедувања и погрешни информации околу стандардите, хасапот, шпекулативните стандарди и начини на информирање", плановите за изградба на објекти за храна ..., и насочување на интересентите кон централата и/или инспекторите на АХВ.

Проектот, исто така, има цел да се претстават системите на стандардни оперативни процедури, да се произведе материјал - информации, кој ќе биде печатен во брошура - наменета за стопанствениците, да даде стручни одговори на прашања на стопанствениците и другите присутни на работилницата.

Коментирај