Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Охрид, 26 јули 2020 (МИА) – Академскиот уметник Никола Упевче во рамки на неговата самостојна изложба што до 7 август е поставена во Лапидариумот на Куќата на Робевци во Охрид, од среда ќе одржува и работилници за мозаик, организирани за поединци и за помали групи лица заинтересирани за тој вид уметност.

На работилниците е предвидено да се изработуваат помали фрагменти мозаици, најразлични дела, сето зависно од креативноста на посетителите, секако со почитување на строгите мерки на претпазливост и на  препораките за лична заштита.

– Секој што ќе биде дел од тие работилници ќе може да донесе свој материјал, но секако и да користат и некои од материјалите што ни се тука на располагање. Можат да соберат камчиња од плажа, сè она што имаат или сметаат дека може да биде интересно како материјал, а јас ќе се обидам да им ја доближам оваа благородна техника на учесниците и заинтересираните, изјави Упевче за МИА.

Инаку, од 24 јули во Лапидариумот во Охрид е поставена самостојна изложба со авторски креации на Упевче, оригинални дела, како и репродукции на изведени дела печатени во формат 1:1, работени во изминатите 22 години. Во рамки на изложбата се претставни и мозаици на кои уметникот има работено како конзерватор и реставратор на мозаичното културно наследство од Охрид и околината.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе