Работна недела од четири дена – Како изгледа тоа во реалноста?

Компаниите ширум Европа и светот наоѓаат нови начини да ги задржат добрите работници и професионалци, трудејќи се да ја зголемат нивната продуктивност и да им понудат подобри услови за работа.

Должина на просечната работна недела во Европа

Просечната работна недела во ЕУ трае 40,2 часа. Според најновите податоци достапни од Еуростат за 2017 година, мажите во Европа работат во просек по 41 час неделно, додека жените работат 39,3 часа неделно.

Луѓето вработени во рударскиот сектор работат најдолго – во просек по 42 часа, а најкратка е работната недела во образование – 38,1 часа.

Во ЕУ најдолга работна недела има во Обединетото Кралство – 42,1 часа. Потоа следат Швајцарија (41,8), Кипар (41,6), Австрија (41,3), Грција и Португалија (41 час). Најкратка работна недела имаат Данците – работат 37,8 часа неделно.

Кога ќе се земат предвид и земјите кои не се членки на ЕУ, резултатите од истражувањето ја „креваат“ Северна Македонија на високото трето место во однос на должината на работната недела. Македонците во просек работат по 42,3 часа неделно, на второ место е Исланд (44), а на прво е Турција со 49,1 работни часа неделно. Во регионот, зад Македонците се Словенците (40,9) и Хрватите (40,4).

Како компанијата покажува дека ги цени вработените?

Високата плата и бенефиции веќе не се мерилото за тоа колку компанијата ве цени – новото време го префрла фокусот на добросостојбата, менталното здравје и креативноста.

А компаниите сакаат задоволни работници наспроти ‘рмбањето и прекувременото работење, бидејќи знаат дека ако вработените се среќни, подобро работат.

Некои компании почнаа да применуваат работна недела од четири дена за да им помогнат на вработените да имаат подобар баланс меѓу професионалниот и личниот живот, па да работат попосветено и пофокусирано во тие денови кога се на работа.

Кога на вработените ќе им понудите флексибилност, тие се благодарни и работат подобро, работат за доброто на компанијата, не само за плата , вели Бил Кастелано, професор на Факултетот за менаџирање на труд и човечки ресурси при Државниот универзитет на Њу Џерси Rutgers.

Не е само сон - Примери од вистинскиот живот

Низа мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од сегашните идеи дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата.

Затоа, сѐ повеќе и повеќе работодавачи експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.

Во изминатата половина од годината, тоа веќе го направија Synergy Vision, Elektra Lighting, Lara Intimates и Intrepid Camera. The Wellcome Trust е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Guardian.

И фирмите и вработените се задоволни од таквата постапка, нагласува весникот.

Голем број компании од целиот свет кои работната недела ја скратија на четири работни дена пријавиле дека има многу поголема продуктивност на работниците, дека вработените се помотивирани и забележан е помал синдром на „прегорување“ на работа.

„Ваквиот начин на работа има многу поволности, пред сѐ за здравјето на вработените, нивната продуктивност е поголема, и нема работно ‘лудило’ во канцеларија, изјави основачот на компанијата Planio од Берлин чии десет вработени од почетокот на 2018 година преминаа на четиридневна работна недела.

Како може да се реализира скратената работна недела?

Има неколку начини како да го остварите ветувањето за скратена работна недела.

Некои компании работат четири дена по 10 часа, а останатите денови им се целосно слободни на вработените.

Други го намалуваат бројот на неделни работни часови на 32 (наместо 40), додека трети работат по принцип секој втор петок да им биде слободен.

Секако, вработените земаат плата како за 40-часовна работна недела, со сите бенефиции.

Клучот за одржливо и ефикасно работење четири ден неделно е да се поставуваат јасни и реални цели. Со овозможувањето на флексибилност во распоредите, вработените добиваат чувство на баланс и почитување, а тоа го возвраќаат со фокусирано работење наместо да чекаат да помине работното време.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе