Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Кошаркарскиот гигант од Центар е приморан да се снаоѓа за тоа каде ќе игра како домаќин откако КФСМ изненадувачки сред сезона донесе одлука дека малата сала во СРЦ „Кале“ не ги исполнува условите за прволигашка кошарка.

Фото: КК Работнички Скопје

Работнички досега играше во „Кале“ оти неговата сала „Градски Парк“ конечно почна да се реновира, но сега се соочи со неочекуван проблем.

Поради најновата одлука на КФСМ, КК Работнички испрати соопштение до медиумите во кое го прозва претседателот на КФСМ во заминување, Перо Антиќ, но се обратија и до Министерството за спорт да ја провери регуларноста на македонското кошаркарско првенство.

„Со ова соопштение сакаме да ја запознаеме македонската јавност за актуелните случувања во македонската кошарка која го допре дното под водство на в.д. во заминување Перо Антиќ. На Собранието на Кошаркарската федерација на Македонија, кое што беше одржано на ден 18.12.2024 г., му беше изгласана недоверба на актуелниот в.д. со 36 гласови против и само 7 за негово останување.

Се поставува логично прашање, од каде го црпи легитимитетот за функцијата која што ја врши и до кога мисли да ја силува македонската кошарка?

Да ја потсетиме јавноста дека на претходното Собрание кое што беше одржано во март 2023 година, дотичниот беше реизбран на функцијата претседател со помош на своите најблиски роднини и пријатели. Записникот од тоа Собрание долго време се криеше од очите на јавноста бидејќи како што бевме сведоци од медиумите, таму се појавија неговите најблиски како преставници на најголемиот дел од кошаркарските клубови кои што му го продолжија мандатот за нови 4 години.

За фарсата да биде поголема, вршителот на должност, мртов ладен, одлучи да ги менува правилата на кошаркарската игра. Тој, во среде сезона, прати инспекција во салите за да констатира дека теренот на малата сала 'Кале', во која што од неодамна настапува Работнички, не ги исполнува условите за игра, односно теренот ги нема соодветните димензии според ФИБА кошаркарските правила.

Го прашуваме нелегитимниот, како до сега салата ги исполнуваше условите според ФИБА стандардите, а веќе не ги исполнува после 13 одиграни кола?

Дали тоа значи дека Македонското кошаркарско првенство е нерегуларно бидејќи веќе се одиграле 13 кола на терен којшто не ги исполнува условите за игра?

Го повикуваме Министерството за спорт на Република Македонија да ја провери регуларноста на македонското кошаркарско првенство и во иднина да не дозволува на вакви себепрогласени шерифи да ја држат во заложништво македонската кошарка“.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Кошарка

Леброн Џејмс: Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера

Read more

Критиките ја тераат НБА на промени: Баскет 1-на-1 од наредниот Ол-стар

Read more

Леброн ја шокираше НБА: Еден час пред Ол-стар соопшти дека нема да игра

Read more

Далас живее и без Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира

Читај повеќе

Леброн Џејмс: Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера

Читај повеќе

Меси одби да игра во Лигата на шампионите поради -15°C

Читај повеќе

Синот на Буфон доби репрезентативен повик, но не од Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Читај повеќе

Сан Сиро во исчекување: Милан мора да го сврти резултатот против Фејнорд

Читај повеќе
  • play_arrow

Критиките ја тераат НБА на промени: Баскет 1-на-1 од наредниот Ол-стар

Читај повеќе

Винисиус одлучи да инвестира од милионите, станува косопственик на клуб

Читај повеќе

Ѓоковиќ со критики за допинг скандалот на Синер

Читај повеќе