Кошарка

Работнички и Лазовски ја прекинаа соработката

17. декември 2012 - 16:00 | Макфакс

Марјан Лазовски, повеќе не е тренер на КК Работнички, откако раководството на клубот реши да ја прекине соработката со него по поразот од Кожув на домашен терен.

Работнички, на табелата во кошаркарското првенство се наоѓа на шестото место со четири победи и исто толку порази.

Поразот од Кожув, според раководството на Работнички ја закомпликувал ситуацијата на тимот, кој се бори за една од првите пет позиции на табелата, односно за пласман во Суперлигата.

Лазовски и минатата сезона го предводеше Работнички, а едно време, паралелно со таа функција беше и селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, со која не успеа да избори пласман на Олимписките игри во Лондон.

Коментирај