Работнички и Ренова имаат нови тренери

Фудбалските клубови Работнички и Ренова добија нови имиња на тренерските позиции.

Искусниот македонски фудбалски стручњак Никола Илиевски е нов тренер на Ренова.

Илиевски во клубот доаѓа откако Јетон Беќири си поднесе оставка кон крајот на минатиот месец.

Во меѓувреме тимот го водеше спортскиот директор Лирим Саити и оствари добар успех, реализираше победи против Академија Пандев и Шкупи, а на последниот натпревар ремизираше со Шкендија.

Ренова во моментов е на четвртото место на табелата, а Илиевски ќе дебитира на 21-ви овој месец на домашен терен против Работнички.

Работнички пак, го назначи Жикица Тасевски за нов шеф на стручниот штаб.  Тој доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски, кој спогодбено го раскина договорот со клубот по серијата слаби резултати.

- Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажен стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

Тасевски ќе го води тимот до крајот на актуелната сезона, со опција за продолжување на соработката и за подолг период доколку се задоволни двете страни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе