ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Работнички се засили со Арменд Алими од Шкендија

Фудбалскиот прволигаш од Дебар Маало во своите редови го донесе долгогодишниот мотор на тетовска Шкендија, Арменд Алими.

Без да открие детали од договорот, Работнички само објави дека 34-годишниот офанзивец од средниот ред е нов член на клубот.

Кумановецот 6 и пол сезони го носеше црвено-црниот дрес на Шкендија со која освои 3 титули во лигата и 2 во купот, а во сезоната 2018/19 ја носеше и капитенската лента. Со Шкендија се раздели на 18 декември, откако не настапи на последните 6 натпревари во Првата лига. За тетовскиот клуб одигра вкупно 241 натпревар на кои постигна 42 гола и запиша 46 асистенции.

Алими кариерата ја почна во Башкими од родниот Куманово, од каде се пресели во локалниот ривал Милано. Потоа замина на печалба носејќи ги дресовите на Истра (Хрватска), Еребро (Шведска), Неа Саламис и Ермис (Кипар).

За репрезентацијата на Македонија има 13 настапи, но последен пат во 2016 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе