Работници изгореа во пожар во индиска фабрика каде се шијат фармерки за Mango, Wrangler, H&M

Седум работници загинаа во пожар што избувнал и брзо се раширил во текстилна фабрика во Индија, каде имало само еден излез од зградата до кој се стигнувало само со скала.

Во фабриката Nandan Denim во предградие на Ахмедабад, покраината Гуџарат, се шијат главно фармерки за 20-тина познати светски брендови како Target, Ann Taylor, Mango и Wrangler, а сестринската компанија на оваа фабрика снабдува брендови како Walmart и H&M.

Некои од американските и мултинационалните компании наведени на веб-страницата на фабриката излегоа со соопштенија дека не се „клиенти“ и инсистираат дека „ги осудуваат опасните услови за работа“ во ваквите фабрики.

Nandan Denim е еден од најголемите снабдувачи со производи од тексас во светот.

Од Противпожарната служба соопштија дека во фабриката на два ката имало само една врата за излез за работниците до која можело да се стигне само со качување по стрмна скала, што значи дека на работниците заробени внатре им била отежната можноста да излезат.

Полициската истрага покажа дека фабриката кршела бројни правила за работење и безбедност при работа. Nandan Denim во моментов има забрана за работење, а управата вети дека ќе им исплати по 14.000 долари на семејствата на загинатите.

Ужасни услови за работа

Работниците кои го преживеаја пожарот велат дека работат во ужасни услови, но бараат да останат анонимни во медиумските објави за инцидентот.

Работат за плата од 35 центи на час, речиси 14 часа на ден, но велат дека немаат друг избор.

„Одвреме-навреме ќе се случи пожар во некоја фабрика. На никого не му е гајле, а ние си продолжуваме со работа, без да се подобрат условите“, вели еден работник.

Вработените, од кои повеќето се жени, велат дека им се наметнува невозможна норма, како шиење 400 парчиња на ден. Повеќето од нив работат во натрупан простор, најчесто без пауза за јадење или одење во веце.

Во декември минатата година, во пожар во фабрика за производство на чанти, капи и други модни додатоци во Њу Делхи загинаа 43 работници.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе