Хроника

Работник од Албанија загинал на градилиште во Охрид

15. декември 2016 - 15:39 | Макфакс

Вчера, околу 14 часот во населба Свети Стефан во Охрид, при изведување на градежни работи, дошло до лизгање на земјиштето и одрон на земја, при што бил затрупан С.Б.(49) од Р.Албанија, кој починал на местото.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши обдукција над починатиот во ЈЗУ Битола.

Коментирај