Работник од Турција по име Хакан М., создаде неред на работа поради неисплатена плата.
Имено, Хакан работел на ископ на јаглен, а откако не добил плата, седнал во багер и искршил пет камиони на неговиот работодавец.
Сопственик на компанијата наводно е неговиот вујко Омер, пишува турскиот портал Haberturk. Хакан можел да направи уште поголема штета ако луѓето не почнале да го смируваат додека ги кршел камионите.
Овој инцидент, кој наводно се случил пред еден месец, е снимен и објавен на TikTok. За кратко време видеото стана вирално.
Видеото за два дена собра 7,5 милиони прегледи и повеќе од 25.000 коментари. Многумина напишаа пораки за поддршка на Хакан.
„Тешко е, негово право е да добие плата“, „Дал сѐ од себе“, „Зошто не ги плаќате вашите вработени?“, „Ќе го најдам овој човек и ќе му подадам рака“, „Го направи она што треба“, се само дел од коментарите.